Сите страни да не штедат време и напор во брзата имплементација на сите клучни прашања од договорот од Пржино, порачаа денеска во заедничката изјава европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан.
– Ние силно ги повикуваме претставниците на сите политички партии да не жалат време и напори во имплементацијата на договорот од Пржино и на итните реформи. Нагласуваме дека ова е политички приоритет кој е неопходен за земјата да ја надмине политичката криза. Целосната посветеност и фокус на сите политички партии кон преостанатите чекори кон договорот е круцијална. Поради тоа, ние ги охрабруваме сите страни брзо да дејствуваат и да го подготват избирачкиот список со усогласената методологија заради веродостојно ниво на теренски проверки, како и за преземање чекори за унапредување на слободата на медиумите, истакнаа тројцата европратеници во заедничката изјава по серијата средби во Скопје со претставници на политичките партии, на ДИК, специјалната јавна обвинителка и на граѓанскиот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.