Шведските европарламентарци се најлојални соработници на мултимилијардерот Џорџ Сорос и неговата Фондација Отворено Општество. Ова го откриваат документите до кои дојде јавноста и ги објавија повеќе европски меидуми пред неколку месеци и во кои се откриваат многу интригантни работи.
Во нив стои дека Фондацијата Отворено Општество (ФОО) најмила приватна консултантска фирма за да направи проценка меѓу европските парламентарци кој од нив најмногу ги поддржува вредностите кои ги протежира фондацијата на Сорос. Проценката е нарачана веднаш по изборот на новиот евро-парламент, и во неа се сугерира и како да се пристапува кон пратениците со мандат 2014-2019 со цел да ги форсираат политиките и идеите на Џорџ Сорос.
Листата со евро-пратеници врз кои е направена проценка покажува дека шведските политичари се надалеку најлојални кон Сорос и неговите политички цели. Дури 13 од 20-те пратеници кои ги има Шведска во европарламентот од проценителите се квалификувани како „лојални соработници на Сорос и ФОО“.
Она што е интересно е што на листата на шведските лојалисти на Сорос има претставници од двата екстреми на политичкиот спектрум, односно политичари кои иако на домашната сцена се жестоки опоненти немаат проблем да бидат одлични другари и соработници кога ги обединува мултимилијардер како Сорос и неговите методи на стимулирање политичари за да ги промовираат неговите идеи насекаде низ светот. Или како што би се рекло народски: „парата буши онаму каде што и бургијата не може“.
Шведските медиуми пишуваат дека меѓу 2,500-те тајни документи кои се појавија во јавноста, има цврсти докази дека Сорос преку Фондацијата и невладините мрежи во 2014-та година истурил милиони и милиони долари низ Европа со цел да го манипулира исходот од изборите за пратеници во Европскиот парламент кои подоцна ќе ги контролира и ангажира за спроведување на неговите политики и цели.
Шемата на функционирање на Сорос не е непозната, меѓутоа од ден на ден се се поцврсти доказите за она што некогаш беше квалификувано како теорија на заговор, а денес е неоспорна реалност: Фондацијата отворено општество работи активно на корумпирање политичари кои ќе ја спроведуваат нејзината агенда под превезот на наводна борба за демократија, малцински групи и човекови права.
Познавачите коментираат дека знаејќи ги овие бројки од анализите на Сорос за коруптивниот потенцијал на политичарите во Шведска, не зачудува и поддршката кон Зоран Заев и СДСМ од страна на ваквите политичари, било преку нивните дипломатски експоненти во Македонија, или преку комунике или изјава на некој шведски политичар од листата на мултимилијардерот Сорос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.