| четврток, 6 декември 2018 |

Десет месеци затвор за негувателката што малтретираше старица

starica maltretiranjeШеесет и четиригодишната негувателка која што ја малтретираше старица во населбата Кисела Вода е осудена на десет месеци затвор. Обвинетата пред судот го признала делото.

Насилството беше откриено на 21 декември, кога синот на жртвата ги видел снимките од поставениот видеонадзор во станот каде што живеела неговата мајка, која ѝ била доверена на чување на обвинетата.

На снимките забележал како обвинетата ја удира со раце старицата, ја тегне за коса и ја турка на креветот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top