Mакедонската опера и балет ја продолжува традицијата. На 12-ти и 13-ти јануари со почеток во 20 часот, за прв пат во Македонската опера и балет – МАКФЕСТ ЗА ВАСИЛИЦА! Со настап во живо, во гала концертна варијанта, 68 музичари, 12 рок поп пејачи и еден диригент низ 15 рефрени ќе го пренесат најдоброто од 25 години Макфест.
Оваа година направен е избор од најслушаните рефрени испеани на фестивалот „Макфест“. Публиката ќе има можност да ужива во популарните: Кога те нема, Свирете ја зајди, зајди, Еден бакнеж и магија се стори, Кој да ти каже Ивана, Ангели ме носат и многу други.
Ќе ги исполнат најпопуларните ѕвезди од македонската естрада: Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Елена Ристеска, Сара Мејс, Александар Тарабунов, Елена Петреска, Александар Белов, Нина Јанева, Лидија Кочовска, Димитар Андоновски, Јоце Панов и Вејчеслав Поповски. Ќе ги придружува Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.