По сознанијата од Министерството за внатрешни работи дека во полициска станица пристапиле две лица, од кои еден малолетник, кои се пријавиле како извршители на кривично дело, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје издаде наредба за препознавање.
На извршеното препознавање еден од оштетените ги препознал пријавените како сторители на кривичното дело во кое животот го загуби 19-годишно лице.
Поради комплексноста на настанот, времето на случување на кривичното дело во вечерните часови, како и претходно извршено препознавање при кое оштетениот препозна друго осомничено лице на кое веќе за овој кривично правен настан е определена мерка – притвор, Основното јавно обвинителство – Скопје итно презема мерки за расветлување на настанот.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, а со цел обезбедување на непречено вршење на дејствата во постапката, надлежен обвинител достави Предлог за определување на мерка притвор за полнолетното лице кое беше едно од ново пријавените. Согласно на утврдените факти во предметот, за осомничениот е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка за сторено кривично дело Убиство од Кривичниот законик. Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје го прифати предлогот и на осомниченото лице му е изречена мерка Притвор во времетраење од триесет дена.
За малолетникот, кој, исто така, се товари за сторено кривично дело убиство, но и за телесна повреда, поведена е постапка пред Судија за малолетници, каде е поднесено Барање и за определување на мерка притвор. Судијата има донесено Решение со кое на малолетното осомничено лице му е изречен притвор со времетраење од триесет дена.
До надлежниот суд доставен е Предлог за укинување на мерката притвор за претходно осомничениот и негова замена со поблага мерка на обезбедување. Надлежниот суд со Решение го прифати предлогот, на осомничениот му го укина притворот и му изрече мерки за обезбедување.
Постапката во обвинителството продолжува со преземање мерки и дејства со цел утврдување на фактите во предметот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка