Претседателот на Русија, Владимир Путин, признал дека во една пригода морал да ѝ се извини на германската канцеларка Ангела Меркел, за која вели дека е многу искрена личност кон која се однесува со почит.
Путин во интервјуто за германски „Билд“ рекол дека тоа се случило во 2007 година кога на една билатерална средба со Меркел го повел и својот пес Кони.
Путин вели дека во тоа време не знаел за тоа.
– Ништо не знаев за тоа. Напротив, сакав да направам нешто пријатно кога ја запознав со песот. Потоа, се ѝ објаснив и ѝ се извинив – рекол Путин.
Путин, исто така, рекол дека Меркел е искрена личност, која има визија за решавање разни проблеми, вклучувајќи го и судирот во Украина.
– Верувам дека нивото на доверба меѓу нас е многу високо – навел Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.