Свечената церемонија за доделување на наградите на најдобрите во светот на фудбалот за 2015 година одржана е во Конгресната сала во Цирих.
Златната топка, наградата која традиционално ја доделува ФИФА, му припадна на Аргентинецот Лионел Меси. Покрај него за ова престижно признание беа номинирани Кристијано Роналдо и Нејлам. Одлуката на ФИФА ја прочита Кака кој и самиот порано го доби ова признание.
-Ова е посебен момент за мене. Минатата година бев тука и гледав како Роналдо ја добива наградат. Сега повторно ја добив јас, по пети пат. Оваа награда е остварување на моите сништа. Сакам да му се заблагодарам на фудбалот во целост – кажа Меси.
MESSI BALLON D’OR WIN FULL VIDEO pic.twitter.com/UcHqDJCjde
— Messi World (@MessiWorId) January 11, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





