| четврток, 6 декември 2018 |

Поради допинг: Да се поништат сите светски рекорди

Атлетската федерација на Велика Британија (УКА) побара да се избришат сите светски рекорди кои се постигнати поради допинг-скандалот кој со месеци го потресува овој спорт.

Тие сметаат дека рекордите треба да бидат поништени и да се почне, нов, чист натпревар.

Поради тоа, составиле листа на барања кои вклучуваат долготрајна суспнезија за спортистите што користеле недозволени средства, како и јавен регистар на тестирани атлетичари.

Претседателот на УКА, Ед Ворнер, изјави дека е време за радикални реформи.

Светската антидопинг агениција (ВАДА) побара од Русија да ги суспендира сите атлетски натпревари и да се затвори нивната лабораторијата за допинг-тестови.

ВАДА ги истражи сите обвинувања дека руските атлетичари ги потплатувале своите официјални лица да им набавуваат забранети супстанции и да ги лажираат резултатите на тестовите. Во извештајот се наведува дека имало и корупција и Светската атлетска федерација (ИААФ) овозможила сето тоа да помине неказнето.

Ворнер додал дека довербата во спортот е на најниска точка во последните неколку децении, додавајќи дека навивачите и „чистите“ спортисти се изневерени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top