| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Цеца имал сообраќајка во автомобил што го возел криминалец

velko

Синот на фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Вељко (19) доживеал судир во автомобилот што го возел криминалецот Никола Вавиќ (25), брат на некогашниот лидер на навивачите на Партизан, Александар Вавиќ.

velko4

Во сообраќајната несреќа кај Модрича во Република Српска, Вељко ја скрши раката, а повреден е Вавиќ, како и возачот на другиот автомобил, Милан С. од Шамац.

velko3

– Вавиќ го управувал „аудито А 8“, а Вељко бил совозач. Тие двајцата се пријатели и често навечер се забавуваат заедно. Несреќата се случила во саботата, околу 14 часот. Пред нив имало друг автомобил, кој ненадејно запрел. За да избегнат незгода Вавиќ преминал во спротивната лента и директно се судрил со „рено“- вели изворот од истрагата за српски „Курир“.

velko2

Екипата на Брзата помош ги санирала повредите на тројцата повредени.

Никола Вавиќ се најде во центарот на вниманието по пукањето на сплавот Бејвоч во Белград. Тој беше обвинет дека во ноќта меѓу 30 и 31 мај 2014 година го ранил Роберт Радојичиќ (28) шеф на обезбедувањето на сплавот. Вавиќ тогаш и самиот бил повреден, а  епронајден во еден чамец. Пријателот на Вељко е ослободен од обвинувањето.

Никола и порано имал проблеми со законот. Како што пренесуваат медиумите, тој во полициското досие има затворска казна од три и пол години поради продажба на дрога и поседување оружје. Од затвор, по амнестијата, излегол во декември 2012 година.

Никола е помлад брат на Александар Вавиќ, кој правосилно е осуден на 22 месеци затвор поради тоа што на 6 јануари 2005 година со нож тешко го ранил Стефан Гајиќ. Поранешниот водач на навивачите бил ранет во февруари 2012 година од заседа. Никола и Александар го имаат и братот Ѓуро, кој, исто така, е апсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top