| четврток, 6 декември 2018 |

Го тужи Нови Сад затоа што си го повредил пенисот

Граѓанин на Нови Сад го тужи градот бидејќи си го повредил пенисот додека играл партија кошарка. Тој бара отштета од 270.000 динари (2.200 евра) плус казнена камата за претрпени физичка болка, страв и душевна болка поради нагрдување.

Во тужбата, која ја пренесува српскиот портал „021“, граѓанинот навел дека на 30 септември 2014 година играл кошарка на игралиштето Еџшег, кога во еден момент тргнал кон топката надвор од теренот во доскок паднал на метална конструкција веднаш до игралиштето и се здобил со удар во гениталиите и со рана од 10 сантиметри веднаш над половиот орган.

Во Ургентниот центар раната му е сошиена и пуштен е на домашно лекување, но по неколку часа се вратил во амбулантата поради крвавење. Следувале неколку дена на преврски, како и спермограм, кој покажал дека со неговиот репродуктивен орган сè е во ред.

Но, како што се наведува во тужбата, повредата не била само физичка, туку тој морал да посетува невропсихијатар бидејќи оваа несреќа тешко го погодила. Докторот му дијагнозирал анксиозност и депресивно нарушување и му препишал лекови.

Во тужбата против градот, тој наведува дека како сопственик на таа парцела, Нови Сад е должен да ја одржува и во овој случај, требало да се погрижи за металниот предмет од кој се повредил тужителот.

Како прилог се додадени и фотографии од пенисот и од теренот, но и фискална сметка за скенирањето на овие фотографии.

Постапката е во тек.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top