| четврток, 6 декември 2018 |

Во Турција уапсени 33 осомничени членови на ИД

Турската полиција вчера во Истанбул и во Адана приведе вкупно 33 осомничени членови на џихадистичката група Исламска држава (ИД), од кои 16 се странски државјани, соопштија денеска властите во Анкара.

live-updates-turkish-militant-group-takes-prosecutor-hostage-at-istanbul-courthouse-1427803826

Припадниците на антитерористичката единица во исто време извршиле претрес во пет квартови во Истанбул, при што се уапасени десет лица.

Има информации дека приведените биле во контакт со борци од ИД и дека патувале во конфликтните зони.

Во акцијата во Адана се приведени 23 лица, од кои 16 се странски државјани, кои планирале да ѝ се приклучат на ИД.

Петнаесет од нив се египетски државјани, а една е Русинка.

Седумтемина приведени турски државјани се осомничени дека врбувале борци за ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top