| четврток, 6 декември 2018 |

Близнаковски приведен поради упатени закани кон советничка од Велес

Членот на Извршниот одбор на ВМРО-народна партија, Слободан Близнаковски, синоќа бил приведен затоа што во просториите на неговата матична партија упатил вербални закани кон советничка во општина Велес.

Од МВР потврдија дека Близнаковски бил приведен.

Според неофицијални информации, тој заедно со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-НП ѝ се заканувал на советничката Рајна Стојанова, која на локалните избори влезе во советот на Велес како член на ВМРО-НП од опозициската коалиција, но во меѓувреме прешла на страната на ВМРО-ДПМНЕ.

Во пријавата било наведено дека Близнаковски и неговиот сопартиец вршеле притисоци и закани кон Стојанова поради нејзината одлука.

ВМРО-НП побара од МВР да не ги пречекорува своите должности и да ги почитува човековите права и слободи на луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top