Автобус кој ги превезувал играчите на аматерскиот фудбалски клуб и нивните навивачи, излетал од мост во источниот дел на Мексико, при што загинало најмалку 21 лице, соопштија денес локалните власти.
Во сообраќајната несреќа која се случила вчера во општината Атојак, во сојузната држава Веракруз, повредени се 30 лица, а досега бројката на жртвите изнесува 21 лице.
Прелиминарната истрага покажала дека возачот на автобусот возел пребрзо кога ја загубил контролата врз возилото и ја пробил заштитната ограда по што автобусот паднал во реката Атојак.
Автобусот превезувал играчи на натпревар во локалната аматерска фудбалска лига, соопштија официјалните служби и додале дека меѓу патниците имало и деца. Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нијето, на „Твитер“ им изрази сочувство на семејствата на жртвите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голема трагедија во Индија: Автобус падна во канал, најмалку 25 лица загинаа
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона