Холивудската ѕвезда Кевин Костнер за време на изминатиот викенд се прошета низ Белград, каде што овие денови треба да почне снимањето на филмот „Три дена за убиство“ („Three Days To Kill“).
Белграѓани го препознаа јунакот на „Танцот со волците“, „Недопирливи“, „Телохранител“ и многу други филмови, кој се прошета на кејот на Дунав на пат кон хотелот „Југославија“, кој сега е преуреден во ургентен центар за потребите на филмот.
Исклучително љубезен и спонтан, глумецот не го криел задоволството што снима во Белград.
– Ми се допаѓа овде. Уште не стигнав убаво да се прошетам зашто стигнав во саботата попладне, но се надевам дека наредните денови ќе имам можност да го прошетам градот – им изјави Костнер на новинарите.
Покрај Костнер, во филмот што го режира Џозеф Макгинти Никол, играат и Амбер Херд, Хејли Стенфилд и Кони Нилсен.
Кевин Костнер во филмот игра смртноболен агент на тајната служба, кој, иако е во пензија, решава да изврши уште една задача зашто се надева дека ќе успее да дојде до еден експериментален лек кој може да му помогне да оздрави. Но, лекот има и негативни ефекти и болниот агент ќе се соочи со халуцинации и со нарколепсија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија