| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка во Струмица- пожарникари ваделе повредена трудница

soobrakjajkataТешка сообраќајка се случила вечерва околу 21 часот на излезот од Струмица во близина на селото Дабиле кај бензинската на „Лукоил“, објави Струмицанет. Според сведоци на местото на несреќата, се судриле возило „Опел Астра“ и „Фиат Уно“.

Три лица се со сериозни повреди по телото, меѓу кои и една бремена жена со повреди на главата, за која во нејзиното извлекување учествувала екипа на Противпожарната единица во Струмица.

Според информациите, сите се пренесени на Хируршкото одделение во Струмичката болница и се надвор од животна опасност. Полицијата ги утврдува причините за сообраќајната незгода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top