Актерскиот пар Кејти Холмс и Џејми Фокс заедно се веќе две години а едвај чекаат врската да ја крунисаат со брак, пишуваат американските таблоиди. Кејт со месеци носи „сомнителен“ дијамантски прстен.
Поранешната сопруга на Том Круз, Кејти Холмс во јавноста почна да се појавува со дијамантски прстен. Глумицата наводно две години е во тајна врска со колегата Џејми Фокс, а парот сега, како што пишуваат таблоидите, се верил.
Кејти од бракот со Круз ја има ќерката Сури која наводно добро се сложува со Џејми.
Својата врска тие ја криеле од јавноста поради страв на Кејти од реакцијата на Том Круз. Сега наводно тие се подготвени на светот да му се престават како вереници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.