| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва се доделуваат фимските награди „Златен глобус“

1Престижните филмски и телевизиски награди Златни глобуси, кои секоја година традиционално ги доделува Асоцијацијата на странски новинари во САД, ќе бидат доделени вечерва во Беверли Хилтон хотелот. Водител на самата церемонија ќе биде еден од најдобрите комичари и актери од В. Британија, Рики Џервејс.

Двете категории за најдобри филмови (драма и комедија) имаат филмови кои не се целосно во жанрот во ко ј треба да прикажат. Mad Max: Fury Road е филмот кој се издвојува во категоријата најдобра драма, додека пак The Martian е изненадувачкиот и помалку збунувачки избор за филм во категоријата најдобра комедија. Сепак, Mad Max: Fury Road не само што се смета за фаворит да ја освои статуетката вечерва, тој е и главниот фаворит за Оскарот во категоријата –најдобар филм според голем дел од американските медиуми.

2

Категоријата најдобар актер во драмска улога брои 5 одлични актери, од кои дури 3-ца веќе ја имаат освоено оваа награда. И за разлика од минатата година, кога Еди Редмајн и Леонардо ди Каприо се натпреваруваа во спротивни категории (двајцата ги освоија наградите во истите), тие сега ќе се натпреваруваат во сита категорија. Секако тука главен фаворит за освојување на наградата е Леонардо, кој пак се очекува да го освои и Оскарот за улогата во The Revenant.

3Кај дамите пак во истата категорија имаме две актерки кои се дебитантки во оваа награда. Бри Ларсон за глумата во Room и Алисија Викандер за The Danish Girl. Шведската актерка е номинирана и втор пат но, за најдобра споредна улога (за Ex Machina), но тука е најтесна трката за тоа кој би можел да победи. Сепак, Најголеми шанси и се даваат на двојната Оскаровка, Кејт Бланшет за улогата во Carol.

4Мет Дејмон е фаворит за освојување на наградата во категоријата, најдобар актер во мјузикл или комедија и покрај тоа што актер ќе има сериозна конкуренција од „дуото“ од The Big Short филмот ,Стив Карел и Кристијан Бејл, но кај дамите во истата категорија ги имаме најголемите контрасти. Од 5-те актерки, Џенифер Лоренс е фаворит за наградата но останатите 4 се или легенди, ветеранки на филмската уметност (Лили Томлин и Меги Смит), но и актерки на кои тоа им е прва номинација во кариерата како Ејми Шумер и Мелиса Мекарти.

5Слична е ситуацијата во категоријата за најдобра актерка бидејќи таму се номинирани Џејн Фонда (за Youth), Хелен Мирен (за Trombo), Кејт Винслет (за Steve Jobs). Три легенди и Оскаровки, но во таа категорија е и Џенифер Џејсон Ли која за улогата во The Hateful Eight за прв пат освои индивидуална номинација за Златен Глобус.

6И покрај тоа што според конвенциите и досегашните правила, статуетката за најдобар режисер најчесто заминувала за режисер од жанрот драма (класична драма или биографски филм), Џорџ Милер за режијата во Mad Max: Fury Road е главниот фаворит за оваа награда. Без разлика и што во неговата категорија има режисери како Алехандро Гонзалес Ињариту и Ридли Скот.AP LA PREMIERE OF "MAD MAX" - ARRIVALS A ENT USA CA

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top