| четврток, 6 декември 2018 |

Разузнавачите предупредуваат: Се ближи европскиот 11 септември!

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека терористите оваа година планираат координирани масовни напади ширум европскиот континент, а со помош на џихадистите кои се вратиле од Сирија.

Ова предупредување доаѓа една година по нападот на сатиричното списание „Шарли Ебдо“, а Франција беше земјата со најмногу терористички напади кои кулминираа со нападите на повеќе локации во ноември во Париз кога загинаа 130 луѓе.

Некои од одговорните за тој напад се во бегство, а во саботата еден висок безбедносен службеник им изјави на француските медиуми дека 2015 гдина не е ништо во однос на тоа што се подготвува за оваа година, особено во Франција и Лондон.

-Се плашам дека ни се наближува европскиот 11 септември: симултани напади во ист ден во неколку земји, во неколку градови, рече службеникот кој сакаше да остане анонимен.

-Мошне координиран напад. Имаме сознанија дека терористите работат на тоа, додаде тој во изјавата на агенцијата АФП.

Исто така истакна дека Исламска држава особено ги тренира Европјаните во Сирија кои ги испраќа назад во нивните земји за таму да ги извршат нападите.

Тие, според неговите зборови, добиваат лажни документи, карти, оружје и ги говорат јазиците на европските земји.

-Многу од нив успеавме да запреме, но мора да признаеме дека сме преоптоварени. некои ќе ги промашиме, а некои веќе ги пропуштивме, вели тој.

Турските власти, пак тврдат дека терористите на Исламска држава подготвиле истовремени напади за Нова година на големите европски градови во Австрија, Белгија, Британија, Франција и Германија, како и во Анкара, што беше спречено.

Откако некои терористи на 30 декември без уапсени, полицијата во еден компјутер откри детални упатства за нападите. Поранешен аналитичар на француската разузнавачка служба ДГСЕ, Ив Тротињон заканите за Европа ги оценува како ништо ново, бидејќи Ал каеда планирала слични напади во 2010 година кои, пак, биде спречени благодарение на американските разузнавачки служби кои со воздушни напади во Авганистан и Пакистан ги уништија центрите каде се подготвуваа овие напади.

-овој тип повеќекратни напади е најлошо сценарио за 2016, рече тој и додаде дека знае оти специјалните служби во неколку европски метрополи веќе работат на таа теорија.

Тротињон наведува и тоа дека терористите досега честопати зад себе оставале траги, што во иднина сигурно ќе се промени, а стравува дека би можеле да станат и поефикасни.

-Ако се поправи нивниот квалитет ќе имаме проблем. Можеби би можеле да кажеме дека 2015 беше само пробна година, заклучува Тротињан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top