| четврток, 6 декември 2018 |

2016 е година на нови почетоци, еве на што предупредуваат ангелите!

ангели
Оваа 2016 ќе биде година на затварање, завршување и нови почетоци. Замислите ја новата година како да се качувате во авион, но само еден рачен багаж можете да понесете со себе. Понесете во оваа година само она што апсолутно ви е потребно и кое го сакате. Се останато морате да оставите зад себе.

Ако го прифатите советот на ангелите, тогаш на почетокот на оваа година нема да започнете ништо ново. До пролет, или до средината на април, сконцентрирјте се само на тоа да ги заклучите работите кои веќе немаат смисла, ниту водат до некоја цел. Немојте да продолжите со себе да ги влечете врските од минатото, неуспесите и грешките.

Прекинете ја врската со луѓето од кои не сте чуле ниту една позитивна работа во текот на вашите последни разговори.

Ангелите велат дека 2016 година ќе помине во знакот на штедење. Морате да почнете да ставате пари настрана, дури и ако имате чувство дека немате од што да одвоите и штедите.

Оваа година семејството треба да добие клучна улога во вашиот живот. Ако немате семејство, тогаш сега е време да се вдомите.

Отворете го плакарот и погледенете ја содржината. Ако има парче облека која една година не сте го носеле, ставете го тоа во некоја кеса и донирајте го.Само така ќе имате место за нова гардероба која ја сакате. Но тоа треба да го направите и со се останато во животот. Ќе дојде нова љубов, ако ја пуштите старата, ќе најдете нова работа ако посветите време на нејзино пронаоѓање.

Една од најважните ангелски пораки е осмислување на времето и реорганизација на личниот распоред. Посветете време секој ден по 15 минути на активност која ви носи радост,играјте, пејте, трчајте или погледајте ја најсаканата серија.

Архангел Михаил најавува дека и оваа година ќе има неколку избрани луѓе на кои судбината со помош на универзумот и ангелите ќе им донесат голема награда. Бидете вие дел од избраните и дознајте како можете да стигнете до добивка.

Жалете се помалку, а смејте се повеќе. Барајте го друштвото на лица кои ве смејат, а избегнувајте ги лицата кои ги оговараат другите.Чувајте се од нови познанства, и немојте да давате некои тајни информации за себе.

Оваа година ќе имате прилика да го запознаете својот ангел чувар, бидејќи  2016 е година на ангелски укажувања. Можете и вие да бидете среќниот што ќе биде избран да ја доживее блискоста со својот ангел чувар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top