Најбараниот мексикански наркобос Хоакин Гусман беше фатен откако беше тајно интервјуиран од американскиот актер Шон Пен.
Ова го пишува магазинот „Ролинг Стоун“. Публикацијата е направена само еден ден откако Чапо, како што е прекарот на криминалецот, беше уапсен при воена акција во Лос Мочис, крајбрежен град на северозападната држава Синалоа.
Според зборовите на самиот Пен разговорот со старешината на нарко картелот „Синалоа“ се одржал во непозната локација во мексиканските џунгли и траел околу 7 часа. На разговорот присуствувала и мексиканската актерка Кејт дел Кастиљо која го контактирала Пен со светски криминалец.
Според холивудскиот актер Гусман сакале да снима филм за себе, доверувајќи му го проектот на Дел Кастиљо која претходно отворено изрази поддршка за дрогата. Пен знаел дека има пристап до Гусман и ја замолил да му договори интервју со Ел Чапо.
Интервјуто покрива широк спектар на прашања – од детството на Гусман до неговиот однос кон политиката на САД. При тоа Чапо не го криел своето учество во криминалниот бизнис со дрога, за разлика од пред кога го негираше ова учество: „Јас испраќам повеќе хероин, метамфетамин, кокаин, марихуана, од кој и да е друг во светот. Поседувам флота од подморници и авиони, товарни камиони и чамци“, признал тој.
Гусман споделил и детали од неговиот најспектакуларен бег од мексиканскиот затвор „Алтиплано“. Тој раскажал дека за изградбата на тунелот со должина над 1,5 километри, преку кој тој избега од својата ќелија, неговиот картел ангажирал инженери кои поминале во Германија специјална обука за слични подземни работи.
Во одговор на прашањето за моралната страна на неговиот бизнис, Чапо се согласил дека „дрогата ги уништува“ луѓето. „Но, таму каде што јас пораснав, немаше друг начин да преживееш“, освен да ја продадеш забранетата дрога, раскажал Ел Чапо.
Светскипознатиот Шон Пен двапати е добитник на „Оскар“.
Мексикански претставник, кој побарал анонимност, изјавил за Франс прес дека средбата на Пен со Гусман помогнала за фаќање на наркобосот.
Мексиканските власти најавија дека ќе ја започнат процедурата за екстрадиција на Гусман во САД, кои го одамна сакаат неговото предавање. Таму тој е обвинет за тешки злосторства и се очекува да биде осуден на неколку години затвор. Адвокатите на Гусман рекоа дека претстои тешка правна битка против екстрадиција во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Ел Чапо попушта во затвор: Не памети луѓе, ниту места, почнува да халуцинира
-
Ел Чапо ќе го тужи „Нетфликс“ поради серијата за неговиот живот
-
Се трага по милијардите на Ел Чапо – Полицијата не може да најде ниту еден долар