| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ си поигра со Надал и го освои турнирот во Доха

novak djokovic

Најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ е победник на турнирот „Катар Опен 2016“, откако на доминантен начин го совлада својот некогашен голем ривал Рафаел Надал со 2-0 во сетови. Во финалето во Доха доминираше Ѓоковиќ, кој на Надал му препушти само три гема. Иако имаше најави дека Србинот се пожалил на повреда на дланката, сепак, Ѓоковиќ одигра беспрекорен меч и покажа дека се наоѓа во одлична форма пред првиот гранслем турнир, Австралија опен.

Српскиот тенисер експресно го освои првиот сет, добивајќи го со 6-1, а со одличен ритам продолжи и во вториот, кој го комплетираше со 6-2 во гемови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top