| четврток, 6 декември 2018 |

Еднодневна детоксикација по празниците

детокс

За време на новогодишните и божиќните празници едноставно се забораваме со храната. Доколку сакате да го исчистите телото од наталожените токсини применете ефективна детоксикација за која што ќе ви бидат потребни само 24 часа:

Денот започнете го со шолја топла вода во која сте ставиле сок од половина лимон и малку цимет. За појадок јадете парче тост со малку намаз од сирење.

Во текот на денот консумирајте свежо овошје и зеленчук. По 18 часа престанете со консумација на овошје.

За време на детоксикацијата заборавете на маслото и сосовите за салати. Во текот на денот испијте 2, 5 л вода во која сте ставиле лимон, краставица и листови нане.

Кафето заменете го со зелен чај без шеќер. Излезете на прошетка во времетраење најмалку од половина час. Наспијте се добро и обидете се да бидете што подалеку од телефони и компјутери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top