Со затоплување на времето, организамот нè тера да го детоксицираме сè она што претходниот период се насобрало во него.
Доколку не го направиме истото може да се чувствуваме омалаксано, уморно и безволно што би не спречувало во извршување на секоја активност во текот на денот.
Доколку сакате да го детоксицирате својот организам, овај е планот кој мора веднаш да започнете да го следите.
Потребни ќе ви бидат 3 дена за негова реализација во кои ќе се храните здраво и лесно.
Придобивките кои следуваат од оваа детоксикација освен враќањето на вашата енергија се нормализација на крвниот притисок, подобрување на работата на метаболизмот, намалување на надуеноста на стомакот и ослободување на вишокот течности од телото.
Освен исхрана ќе биде потребно да внимавате на пијалаците, односно да не пиете сè што ќе ви дојде при рака.
Во следните 3 дена пијте голема количина вода, зелен чај и јаболков оцет.
Многу е важно да испиете половина литар до литар вода пред појадокот, а после него да ги комбинирате трите пијалаци во текот на денот.
Избегнувајте го млекото доколку сакате детоксикацијата да биде успешна, тоа го отежнува варењето на храната и поради зголемена консумација може да ја оштети флората на дебелото црево и да предизвика дијареа.
Во поглед на оброците избегнувајте тешка храна која наместо детоксикација ќе внесе дополнителни непотребни материи во телото.
Јадете исклучиво салати и супи кои добро ќе му дојдат на вашиот метаболизам, посебно доколку вметнете кромид и моркови во нивната подготовка.
Никако не заборавајте да вметнете и маслиново масло во исхраната, како и коктели направени не само од овошје, туку и од зеленчук.
Запомнете тие се енергетска бомба за телото која заситува и прави да се чусвтвувате лесно преку цел ден.
Најчесто консумирајте го зеленото смути два пати на ден, правејќи го по сопствен рецепт кој вклучува киви и спанаќ.
Доколку ја применувате само 3 дена оваа рутина за детоксикација веднаш ќе забележите промена во вашето тело, ќе се чусвтвувате поздраво и полесно, а воедно и поенергично.
После третиот ден сами ќе почувствувате желба да ја продолжите рутината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.