Вистинската програма за детоксикација на организамот е многу тешка. Ви предлагаме осум супер едноставни начини со кои може да се направи детоксикација на телото без мака.
Намалето го шеќерот
Сезонската детоксикација е добар начин да се исчисти телото од токсини и да се забрза метаболизмот и да се подобри вкупното здрвје. Почнете да го намалувањето внесувањето на количината не шеќер. Ако конзумирате повеќе шеќер телото произведува повеќе инсулин со што непотребно се мачи тироидната жлезда, а долгорочно овој начин на живот може да предизвика дијабетес, хроничен умор, развој на канцер, вишок килограми.
Се почнува од водата
Секое утро испијте чаша со сок од пола исцеден лимон.
Движете се
Редовното вежбање ја поттикнува циркулацијата. Се забрзува дигестивниот систем, се намалува нивото на стрес и ќе го зајакнете вашето тело. Луѓето кои вежбаат имаат помалку токсини во своето тело.
Пијте многу чај
Не само што чајот е полн со антиоксианси и го хидрира телото и го намалува гладот. Тоа значи дека шансите за прејадување се мали, а кофеинот кој е во чајот е понежен и поблаг за телото од оној кој се наоѓа во кафето.
Јадете органска храна
Разновино овошје и зеленчук во исхраната треба да бидат вашиот фокус. Колку посвежи, толку се подобри.
Борете се против загадувачите во околината
Алергените и загадувачите се секаде околу нас. Стручните лица често предлагаат редовно чистење на носната шуплина за да се елиминираат нус-појавите од загадувањето во воздухот и кои може да доведат по потешкотии со дишењето.
Потете со во сауна
Редовни посети во сауна може да направат голема разлика во ослободување на телото од токсини, бидејќи потењето е една од главните ставки на детоксикацијата.
Добар пилинг е пола завршена работа
Пилинг на целото тело и маслена масажа ќе ви помогне во решавање на токсините од кожата и ќе ја освежи вашата циркулација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.