| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ го мачи повреда пред финалето против Надал

novak djokovic

Најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ денеска треба да се сретне во финалето на турнирот во Доха против еден од најголемите ривали во неговата кариера, Рафаел Надал. Тоа ќе биде нивни 47.дуел и љубителите на тенисот во светот се надеваат дека ќе ги исполни очекувањата.
Надал се обидува да се врати во препознатливата форма од пред неколку години кога беше неприкосновен на тениските турнири.
Ѓоковиќ пред овој дуел се пожали дела има проблем и мала повреда на десната рака која се надева дека нема да ги извади од ритам.

– Има ситни проблеми со повредата на раката, особено кога сервирам. Но, доколку се загреам и доколку физиотерапевтот се погрижи да бидам подготвен, тогаш можам да сервирам и да играм како што треба – изјави Ѓоковиќ.

Натпреварот започнува во 16 часот по македонско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top