Македонската економија во 2016 година ќе оствари раст од 3,4 проценти, прогнозира Светска банка во публикацијата „Глобални економски перспективи“.
Растот во наредните две години ќе добие на динамика и во 2017 и 2018 година, македонската економија ќе забележи зголемување од по 3,7 проценти годишно.
Од земјите во регионот на Западниот Балкан, за Турција и Косово во 2016, Светска банка прогнозира раст од 3,5 проценти; Албанија 3,4 проценти, Црна Гора ќе забележи раст од 2,9 проценти, додека Босна и Херцеговина и Бугарија ќе се развиваат со 2,3 проценти односно 2,2 проценти. Најслаби се очекувањата за Србија за која се очекува раст од само 1,8 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.