| четврток, 6 декември 2018 |

Светска банка прогнозира раст од 3,4 проценти

rast ekonomskiМакедонската економија во 2016 година ќе оствари раст од 3,4 проценти, прогнозира Светска банка во публикацијата „Глобални економски перспективи“.

Растот во наредните две години ќе добие на динамика и во 2017 и 2018 година, македонската економија ќе забележи зголемување од по 3,7 проценти годишно.

Од земјите во регионот на Западниот Балкан, за Турција и Косово во 2016, Светска банка прогнозира раст од 3,5 проценти; Албанија 3,4 проценти, Црна Гора ќе забележи раст од 2,9 проценти, додека Босна и Херцеговина и Бугарија ќе се развиваат со 2,3 проценти односно 2,2 проценти. Најслаби се очекувањата за Србија за која се очекува раст од само 1,8 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top