Британката Шарлот Делал, која дизајнира за марката „Шарлот Олимпија“ по приправичниот стаж во модната куќа „Унгаро“, собра храброст и доволно знаење за да почне да работи сама под името „Шарлот Олимпија“. Нејзини клиенти за кратко време станаа и популарните ѕвезди како Бијонсе Нулс, Сиена Милер и други.
Инспирација за својата нова колекција таа најде во ѕвездите и во астрологијата. Таа изработи балетанки и чанти кои се посебни за секој хороскопски знак. Чантите и балетанките се од кожа, обрабени со златен раб, украсени со кристали „сваровски“ и во бои кои ќе бидат хит оваа пролет. Погледнете и одберете го вашиот хороскопски знак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.