| четврток, 6 декември 2018 |

Уште двајца уапсени напаѓачи во Германија во телефоните имале снимки од нападите

policija germanija siluvanjeУште двајца осомничени за новогодишните напади во Германија на возраст од 16 и 23 години се уапсени во полициската истрага, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според радиото ВДР и весникот „Келнер Штад Анцајгер“, во телефоните на уапсените, кои се од Мароко и Тунис, се пронајдени видео снимки од нападите врз жените за Нова година. Во истрагата е обезбеден и превод од навредливите зборови на арапски јазик што ги користеле напаѓачите при нападите.

Полицијата соопшти дека бројот на пријави за напади пораснал на 170, од кои една третина биле за сексуални инциденти. Полицијата досега има пронајдено 350 часови видео материјал од нападите, а тимот за истрага од 80 е зголемен на 100 полицајци.

Само во Келн досега се идентификувани 31 од напаѓачите, но нема напредок во идентификацијата на три случаи на сексуални напади.

Во нападите според полицијата учествувале деветмина Алжирци, осуммина Мароканци, петмина Иранци, четворица Сиријци, по еден Ирачанец, Србиин и Американец, како и двајца Германци. Од 29-те странци, 18 се баратели на азил.

Тие се осомничени за физички напади и кражби, како и за сексуални малтретирања, кои во најголем број се „навреди на сексуална основа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top