Игор Џамбазов празнициве ги минува во Маврово во друштво на свои блиски пријатели. Сопствениците на една гостилница го поканиле за Бадник да биде дел од нивната празнична трпеза и заеднички да го скршат лепчето.
Среќата да му се падне парчката и тоа за првпат во животот, била токму на Игор. Тој во изјава за порталот „Мајка ти и татко ти“ вели дека тоа што паричката паднала кај него веројатно е добар знак.
-Јас дојдов во Маврово за да ми падне високиот крвен притисок, да ми падне шеќерот, триглицеридите, да ми паднат мастите… а мене ми падна паричката, и се чудам што сега со неа? Ова е некој добар знак. Ова изгледа дека значи успешни: „Џамбо фестивал“, промоција на новата книга „Умрен човек“ и реализација на дуо драмата со Весна Бејби Петрушевска. На сите што го читаат ова им посакувам среќа, љубов, по малку паричка… а најмногу здравје, здравје, здравје- посакува Џамбазов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.