| четврток, 6 декември 2018 |

И на Игор му падна паричката (Фото)

ix1Игор Џамбазов празнициве ги минува во Маврово во друштво на свои блиски пријатели. Сопствениците на една гостилница го поканиле за Бадник да биде дел од нивната празнична трпеза и заеднички да го скршат лепчето.

Среќата да му се падне парчката и тоа за првпат во животот, била токму на Игор. Тој во изјава за порталот „Мајка ти и татко ти“ вели дека тоа што паричката паднала кај него веројатно е добар знак.

-Јас дојдов во Маврово за да ми падне високиот крвен притисок, да ми падне шеќерот, триглицеридите, да ми паднат мастите… а мене ми падна паричката, и се чудам што сега со неа? Ова е некој добар знак. Ова изгледа дека значи успешни: „Џамбо фестивал“, промоција на новата книга „Умрен човек“ и реализација на дуо драмата со Весна Бејби Петрушевска. На сите што го читаат ова им посакувам среќа, љубов, по малку паричка… а најмногу здравје, здравје, здравје- посакува Џамбазов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top