| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадист ја убил мајка си- го викала дома

jihadisПрипадник на Исламска држава јавно ја убил својата мајка во сирискиот град Рака, бидејќи го терала да ја напушти терористичката организација, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Жената која била во четириесетите години го предупредувала својот син дека алијансата на чело со САД ќе ја уништи ИД и го убедувала заедно да ја напуштат Рака.

Мајката е притворена откако нејзиниот син ги известил припадниците на ИД за нејзините изјави, се наведува во соопштението на Опсерваторијата за човечки права, со седиште во Лондон.

Повикувајќи се на локални извори, Опсерваторијата наведува дека 20 годишното момче ја погубило својата мајка пред повеќе стотини лица во средата, во близина на поштата во која таа работела во Рака, главното седиште на Исламската држава.

Џихадистите, кои контролираат големо подрачје во Сирија и Ирак, досега убија повеќе стотини лица под обвинение за соработка со непријателите или кршење на нивната ултра-конзервативна интерпретација на исламот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top