| четврток, 6 декември 2018 |

Веднаш на стартот на година, ферплеј потег за 2016 (видео)

Hopman Cup

На мечот меѓу Џек Сок и Лејтон Хјуит, на тенискиот Хопман купот се случи невиден ферплеј-момент. Хјуит сервираше, судијата рече дека е аут, арно ама Сок му препорача на противникот да побара „челинџ“ од „соколовото око“ бидејќи судијата збрешил. На Австралиецот прво не му беше јасно што се случува, но побара помош од технологијата и излезе дека навистина сервисот бил во поле. Џек Сок ја изправи неправдата дури и по цена на поен за противникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top