| четврток, 6 декември 2018 |

Сатиричен филм за ОВК наиде на бурни реакции на Косово (видео)

ovk youtube1_620x0

Бурни реакции на Косово предизвика сатиричниот краток филм за двајца борци на т.н. ОВК во кој е прикажано како тие се обидуваат да заземат стабмени згради и седишта на институции по војната во 1999 година.

Филмот „Стратешки план“ го направи групата “Supcat”,  а ветераните на ОВК остро го критикуваа неговото прикажување на телевизијата КТВ.
Критики на сметка на филмот упати и претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели, но истовремено наведе и дека треба да престанат осудите на уметниците на социјалните мрежи.
Пратеникот на владејачката Демократска партија на Косово, Џевахир Измаку побара извинување по емитувањето на филмот, пренесува B92.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top