Поројни дождови предизвикаа поплави во речиси сите општини во Косово, а најтешка е ситуацијата во општините Малишево, Сува река, Глоговац и Ѓаковица, пренесе БТА.
Човечки жртви нема, но штетите од поплавите се големи. Претседателката Атифете Јахјага разговараше синоќа по телефон со градоначалниците на загрозените општини и се интересираше за мерките, преземени за спречување потешки последици.
Премиерот Иса Мустафа одблизу ја следи ситуацијата и побарал од компетентните служби да се координираат со општинските власти, за да бидат преземени сите мерки и да се ангажираат сите капацитети за надминување на ситуацијата и укажување помош на граѓаните. Стотици лица беа евакуирани од своите домови вчера и во Албанија, каде силни дождови предизвикаа поплави, свлечишта и затворање на патиштата. Нема информации за загинати или сериозно повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации