Екипата на Милан приреди нов шок за навивачите на домашен терен против Болоња, откако неочекувано загуби со 0-1. Иако важеа за големи фаворити во овој дуел и имаа контрола над играта, избраниците на Синиша Михајловиќ се се подалеку од врвот на табелата и пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Шестиот пораз оваа сезона дојде во најнезгоден момент бидејќи конкурентите за висок пласман беа сигурни во денешните дуели.
Болоња ја искористи својата единствена шанса на мечот, преку Џакерини, кој во 80-тата минута по една контра погоди во мрежата на Донарума.
Фиорентина го совлада Палермо на гости со 1-3 и се искачи на првата позиција во Серија А, со два бода поведе во однос на Интер, кој вечертва ќе игра против Емполи. Идентичен број бодови како и Интер има и шампионот Јувентус, кој со 3-0 ја совлада Верона пред своите гледачи.
Јосип Иличиќ беше стрелец на два гола за „виолетовите“, а во завршницата погоди и Блашчиковски, против Палермо, во чиј состав Александар Трајковски беше стартер и играше до 76.минута. Џилардино го постигна погодокот за Палермо.
Дибала го отвори резултатот во корист на „старата дама“ против Верона веќе во осмата минута, Бонучи пред крајот на првиот дел зголеми на 2-0, а Симоне Заза го постави конечниот резултат.
Juventus vs Hellas Verona 3-0 All Goals… by footy-goals
Резултати Италија: Удинезе – Аталанта 2-1, Јувентус – Верона 3-0, Милан – Болоња 0-1, Лацио – Карпи 0-0, Палермо – Фиорентина 1-3, Сасуоло – Фросиноне 2-2, Киево – Рома 3-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.