| четврток, 6 декември 2018 |

(ФОТО) Овие се убијците на охриѓанецот Димитар Матилоски

блицСрпскиот „Блиц” пишува за убиството на Димитар Матилоски од Охрид, ја пренесува приказната за двајцата уапсени Срби.

Бојан Угреновиќ (29) од Конарев е осомничен дека го убил Димитар Матилоски во Охрид, ексклузивно открива Блиц. Покрај него уапсен е и Михајло Пантовиќ, некогашниот фудбалер на ФК Слога од Краљево, и уште едно момче чиј идентитет засега не е познат. Угреновиќ не бил познат во Краљево како некој кој правел проблеми.

-Ги познавам, и освен тоа што се собраа и излегоа на местото каде доаѓаат на гости со криминално минато, ништо друго не ги поврзуваше со тоа. Знам дека семејството на Бојана Угреновиќ ги ангажирала околу тоа да го пронајдат адвокатот кој би ги превземал случајот, затоа што македонската полиција забрани било каков контакт со пријателите или членовите на семејството- вели за Блиц еден нивен познаник од Краљево.

Таткото на Бојан бил во гардата на Аркан за време на војната, а познат е во Краљево по тоа што и самиот Аркан му го спасил животот.

Покрај Бојан, уапсен е и Михајло Пантовиќ (26), така и Конарев, кој е познат во Краљево како фудбалер. Михајло е голман. Бранел за неколку фудбалски клубови од Краљево, а едно време минал и на голот на Слога од Краљево. Постојано сте можеле да го видите во друштво во елитните кафеани, но не чув дека прави вистински проблеми, вели познаникот на Михајло.

-Мислам дека Бојан ја превзеде целата одговорност на себе за да ги спаси своите пријатели- вели овој жител на Краљево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top