| четврток, 6 декември 2018 |

Кетрин Ештон во балканска мини-турнеја

Со посетата на Црна Гора, високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, денеска ја почнува балканската мини-турнеја.

По средбите во Подгорица, утре доаѓа во Македонија, а потоа заминува во Албанија. Сѐ уште не е потврдено дали ќе патува и во Србија.

Посетата на Ештон следува по претседателските избори во Црна Гора и по локалните во Македонија.

Според изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, целта на турнејата е потврда на европската перспектива на земјите од регионот, охрабрување за реформите и развој на добрососедските односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top