Квентин Тарантино потврди, ќе сними уште два филма и потоа ќе се пензионира. Во план му се еден ганстерски и еден хорор.
Американскиот режисер неколку пати ја повторува најавата за пензија по снимени десет филмови. Сега е актуелен со неговиот вестерн „Омразените осуммина”.
-Обично ми требаат три години за да направам филм, што значи дека со оваа работа ќе се занимавам уште десет години- најави тој за време на снимањето на вестернот- Не сакам со ова да се знимавам вечно, треба да постои крај- додаде тој.
За плановите за следните, последни дела, тој вели дека би можеле да бидат еден филм за ганстерите од 30-тите години од минатиот век, на пример приказна за Џон Дилинџер, додава Тарантино. Доколку пак го има „целото време на овој свет”, би сакал да сними „навистина страшен хорор филм, како Истерувач на ѓаволот”, додава култниот режисер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По „Кери“ и „Скарфејс“, Брајан де Палма ќе снима хорор филм по приказната на Харви Вајнштајн
-
Дрога, милиони и ФБИ: Оваа „покер принцеза“ ги знае тајните на холивудските коцкари…(видео)
-
Во Холивуд не е добро да имате вишок килограми: Ова е суровата реалност (галерија)
-
Анален секс, орален секс… цените за улога во филм: Холивуд – преполн бордел, весело друштво и паѓање во сечиј кревет