Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози, информира АМСМ.
Поради појава на магла вечерва намалена видливост има на патните правци Тетово – Попова Шапка од 30 до 40 метри, до 50 метри на патниот правец Велес – Катланово и до 100 метри на патниот правец Градско – Прилеп, соопшти АМСМ.
Се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.