| четврток, 6 декември 2018 |

Горилата Коко преку знаковен јазик им испрати порака на луѓето (видео)

Најпознатата горила во светот,Коко, на луѓето скала да им пренесе порака за празниците, а во едно минутната снимка објаснила што не е во ред со планетата користејќи знаковен јазик.

koko-fotoyoutubescreenshot-1451997948-818361

-Јас сум горила, јас сум цвеќе, животните. Јас сум природата. Коко ги сака луѓето. Коко ја сака земјата – вели таа и продолжува: „Но луѓето се глупави. Глупаи! На Коко и е жал. Коко плаче. Време е да се брза. Поправете ја Земјата. Помогнете и на Земјата. Заштитете ја Земјата. Природата  ве набљудува. Благодарам – истакнала Коко.

Иако таа сама не го смислила сценариото овој симболичен мини филм не потсетува дека природните ресурси не се толку долготрајни и дека мора да ја чуваме планетата за идните генерации.

Оваа порака е смислена во „НОЕ“ конзервацијата во Франција во соработка со Фондацијата за горили  во Калифорнија каде Коко живее од 1979 година. Коки има 44 години и од својата прва година умее да зборува и комуницира со знаковен  јазик. Коко разбира околу 1 000 зборови од британскиот знаковен јазик и околу 2000 зборови на говорниот јазик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top