| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен осомничениот убиец на Леарт Адеми

Триесетдневен притвор доби скопјанецот А.А., кој е осомничен за смртта на 19­ годишниот Леарт Адеми, кој завчера почина откако дента беше ранет со нож во срцето.

полиција

 

Во Основниот суд Скопје 1 ­ Скопје вчеравечер било спроведено лицето А.А. осомничено за делото „тешка телесна повреда“ со смртни последици, со предлог од скопското Основно јавно обвинителство за определување мерка притвор.

Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на Обвинителството, донесе одлука да го прифати предлогот и определи мерка 30 дневен притвор, информираат од скопскиот Кривичен суд.

Убиеното момче е син на спортскиот новинар во Македонската радио телевизија, Сами Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top