Триесетдневен притвор доби скопјанецот А.А., кој е осомничен за смртта на 19 годишниот Леарт Адеми, кој завчера почина откако дента беше ранет со нож во срцето.
Во Основниот суд Скопје 1 Скопје вчеравечер било спроведено лицето А.А. осомничено за делото „тешка телесна повреда“ со смртни последици, со предлог од скопското Основно јавно обвинителство за определување мерка притвор.
Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на Обвинителството, донесе одлука да го прифати предлогот и определи мерка 30 дневен притвор, информираат од скопскиот Кривичен суд.
Убиеното момче е син на спортскиот новинар во Македонската радио телевизија, Сами Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца