| четврток, 6 декември 2018 |

Еден повреден во вооружен напад на бегалски центар во Германија

центар

Еден 23 годишен барател на азил е повреден во напад со огнено оружје во местото Драјајх во близина нa Франкфурт. Нападот во кој се испукани неколку куршуми се случил во еден часот по полноќ во центар за бегалци каде што азилантот кој е вон животна опасност бил ранет додека спиел.Засега полицијата и обвинителството немаат утврдено мотиви и причини за нападот.

-Истражуваме во сите правци, а ја разгледуваме и можноста нападот да е предизвикан од ксенофобија и незадоволство од присуство на бегалци-изјави по нападот обвинителката Нина Рајнингер.

Во Драјајх се сместени околу 300 бегалци главно од Сирија и Ирак. Како и во најголем дел од другите над 730 напади врз азилантски центри во Германија во последниве 12 месеци и покрај брзата интервенција на полицијата сеуште нема осомничени или уапсени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top