| четврток, 6 декември 2018 |

Сладолед од канабис ќе се произведува во Италија

Малото италијанско населено место Аласио, одлучило да се  оддолжи на реге легендата Боб Марли така што ќе произведува и продава сладолед со вкус на канабис.

Творците на овој сладолед велат дека тој ќе биде многу вкусен. Егзотичното слатко задоволство ќе биде продавано во градот Аласио, на северот на Италија, а креаторите се надеваат дека муштериите ќе го пробаат „Боб Марли“ до крајот на годината.

Овој деликатес, чиј освновен дел се коноп, направен во соработка со „Canapa Lingu“, локална асоцијација која промовира здравствени бенефиции кога е во прашање произведување на производи од канабис.

Сепак, не биле успешни сите експерименти со сладоледите. Во февруари, двајца Исланѓани направија сладолед од канабис во домашни услови, а откако го пробале биле однесени во болница поради халуцинации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top