Eдно лице е убиено во Скопје откако вчера вечерта било прободено со нож во срцето, објави „Прес24“ повикувајќи се на полициски извори.
Две лица со потешки повреди вчера вечерта биле донесени во Градската болница. Едното лице имало убодна рана, најверојатно, од нож во пределот на срцето и починало во болница. Другото лице е надвор од животна опасност. Сѐ уште нема информации за идентитетот на убиениот и на повредениот.
Од полицијата официјално не откриваат детали. Потврдуваат само дека инцидентот се случил на територијата на Бит-пазар и дека имаат едно приведено лице со кое се во тек разговори.
Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка