| четврток, 6 декември 2018 |

Значајно признание за Влатко Стефановски во Белград

Влатко во Белград  ја доби наградата „Војин Малиша Драшкоци“ признание кое се доделува за особени заслуги и достигнувања во етно, фјужн и џез музиката… Инаку, Драшкоци бил српски џез музичар, контрабасист, композитор, аранжер и музички педагог. Бил член на Balkan Impressions проектот на Лала Ковачев и е еден од најзначајните басисти на некогашната Yu џез сцена. Наградата Повелба со статуета на Војин Малиша Драшкоци е воспоставена во 2013 година од страна на Асоцијацијата World Music на Србија со цел да се поттикне, афирмира и развива овој музичкиот жанр, како и да се оживее сеќавањето на професорот Драшкоци.

Добитник на наградата во 2013 е Филип Крумес, а за 2014 е Васил Хаџиманов. Наградата на Влатко Стефановски му беше доделена на мултимедијален концерт посветен на 70 годишнината од раѓањето на Драшкоци, во Дом Омладине во Белград.

На концертот настапија 15 еминентни музички имиња меѓу кои и Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top