Белоруска музичка телевизија канал БелМуз ТВ емитувала порно филм среде бел ден. Додека едни не верувале што гледаат, други менувале канали пред љубопитните детски очи.
Телевизискиот канал кој се рекламира како семеен и емитува исклучиво музика, вчера во 15.45 часот пуштил експлицитно порно које траело цели 20 минути.
Гледачите најпрво се посомневале дека нешто не е во ред кога најпрво бил емитуван спот кој е забранет на белоруската телевизија. Веднаш потоа следувал поголем шок – експлицитно порно. Директорот на телевизијата се извинил на гледачите и соопштилдека станува збор за инцидент кој веќе нема да се повтори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


