| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Маџиров автор-гостин во Париз

Жирито составено од експерти секоја година селектира четири до пет современи писатели и освен Маџиров, селектирани се и прозаисти и поети од САД, Ирска, Белорусија…Меѓу авторите-гости на градот Париз бил и венцоносецот на Струшките вечери на поезијата, Томаж Шаламун

Поетот Никола Маџиров, кој е избран за лауреат од областа на книжевноста на градот Париз и Францускиот институт во Париз за 2016 година, на 5 јануари ќе замине во француската престолнина, каде од овој месец до почетокот на април ќе престојува како автор-гостин во Центарот за уметници „Реколет”.

Жирито составено од експерти секоја година селектира четири до пет современи писатели и освен Маџиров, селектирани се и прозаисти и поети од САД, Ирска, Белорусија…Меѓу авторите-гости на градот Париз бил и венцоносецот на Струшките вечери на поезијата, Томаж Шаламун.

Тој изјави дека во Париз ќе работи на новиот ракопис кој, како што рече, го привршува со бавност на археолог кој составува испокршена ќерамичка ламба.

– Сигурен сум дека зимата ќе го отвори Париз пред мене како енциклопедија на вратената живост, по трагедијата која го промени светот во нас. По Париз, следува годишниот престој во Берлин, патувања во Лос Анџелес и други градови во САД и Германија, патувања во Јамајка, Романија, Малезија, Велика Британија…Меѓу просторите, за жал, речиси никогаш не се спомнуваат, а тие се суштинските места на творење. На истиот начин, трошната врата од ателјето на уметникот историски е многу погласна, отколку кодираните врати на галериите, додаде Маџиров.

Поезијата на Маџиров е објавена во неколку француски списанија за литература. Тој во Франција ја доби меѓународната награда „Левир Литерер”, а „Европската асоцијација на книжевници“ со седиште во Париз, го избра за член на европското книжевно жири за 2015 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top