Новиот менаџер на Челси, Гус Хидинк, ја прослави првата победа со новиот тим откако денеска во лондонското дерби славеше со 3-0 на гостувањето на Кристал Палас. Хидинк, кој во претходните два меча на клупата на „сините“ ремизираше со Ватфорд и со Манчестер јунајтед, овојпат можеше да ужива во извонредното издание на своите избраници, кои целосно го надиграа противникот и заслужено стигнаа до трите бода.
Диего Коста се разбуди до длабокиот сон и одигра одличен натпревар. Го постигна третиот гол, а беше несебичен при првиот кога му ја додаде топката на Оскар.
Вториот погодок беше ремек-дело на Вилијан кој од 20 метри со вистинска бомба го погоди горниот лев агол на голот на домаќините.
Во последниот натпревар од 20.коло во премиерлигата во Ливерул се среќаваат Евертон и Тотенхем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)